АЛКАЛОИД АД – Скопје
бул. Александар Македонски 12
1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: + 389 2 2465 361

Шолја чај за енергичен почеток на денот

Мешавината  од црн чај,кора од портокал и арома од ванила и ѓумбир ќе ви ја подобри енергијата и виталноста во текот на денот. Билките од мешавината изобилуваат со антиоксидативни својства, кои ја подобруваат благосостојбата на телото.

Интензивниот и единствен вкус и мирис на чајната мешавина има својство да ги разбуди и најсонливите. Се препорачува да се користи во утринските часови и во случај на замор за добивање инстантна доза на енергија.


Шолја чај за релаксација и квалитетен сон

Чајна мешавина која придонесува за релаксација, подобрување на состојбите на стрес, која ќе ви овозможи побрзо заспивање и квалитетен одмор и сон.

Мешавината која содржи цвет од камилица,лист од нане,плод од сладок анасон и лаванда се користи за подобар сон, да се намали тензичноста од стресното секојдневие и се препорачува да се консумира во текот на вечерните часови. Со својот единствен и благопријатен вкус , чајната мешавина и дава вистинска смисла на мислата ,,За добра ноќ‘‘.

Оцени го производот:

0 1 2 3 4

Најново од
Good Nature