АЛКАЛОИД АД – Скопје
бул. Александар Македонски 12
1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: + 389 2 2465 361

Црвената детелина (Trifolium pratense L.) е повеќегодишна билка која спаѓа во фамилијата на легуминозни растенија (Fabaceae) (растенија со плодови во вид на мешунка) и расте првично во Европа, но може да се најде и во многу региони насекаде низ светот.

Таа е уникатна билка којашто е популарна кај припадничките на понежниот пол поради многубројните позитивни ефекти врз здравјето на жените. Во фитотерапијата (лекување со лековите билки) најмногу се цени и се употребува нејзиниот цвет којшто има розовопурпурна боја и е богат со состојки коишто поседуваат широк спектар на терапевтски дејства.

Цветот од црвена детелина во својот состав содржи голем број изофлавоноиди, од кои меѓу главните активни компоненти се естрогените изофлавоноиди биоханин А, даидзеин, формононетин и генистеин. Токму овие компоненти се одговорни за главните дејства на билката. Постојат бројни испитувања во коишто е докажано фитоестрогеното дејство на оваа билка, поради што помага за воспоставување и за одржување на естрогениот баланс кај жените. Билката веќе долги години се употребува за ублажување на симптомите кај жените при состојби на климактериум (менопауза), вклучувајќи ги и промените во расположението и топлотните бранови. Поради овие споменати лековити својства, црвената детелина се користи и како природна алтернатива на традиционалната хормонска заменска терапија.

Изофлавоноидните компоненти поседуваат противвоспалително и антиоксидативно дејство и го намалуваат растот на некои туморни клетки, при што билката наоѓа примена и како помошна терпија при бенигно зголемување на простатата. Клиничките испитувања покажале позитивни резултати и при третман на хиперлипидемија и на остеопороза.

Во традиционалната медицина цветот од црвена детелина се употребува локално за третман на дерматолошки (кожни) нарушувања, како псоријаза и егзема, додека, пак, перорално (преку уста) се употребува за третман на астма, бронхитис и на кашлица.

Достапен е во пакувања: филтер - кесички 20 х 1 g

Оцени го производот:

0 1 2 3 4

Најново од
Good Nature