АЛКАЛОИД АД – Скопје
бул. Александар Македонски 12
1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: + 389 2 2465 361

ФИЛТЕР ДУПЛЕКС 20 Х 2 G

Плодот од брусница (Vaccinium macrocarpon, Ericaceae) има долга историја на користење, најнапред кај нативните Американи па сè до искусните, при користење чај, Англичани. Расте на планините, во шумите, а последниве десеттина години, на енормно големи површини се култивира, од каде и комерцијално се користи. Свежите бобинки од брусница многу потсетуваат на плодовите од шипка, не само поради изгледот, туку и по вкусот. Тие имаат сладок вкус, со слабо кисела нота.

Брусницата изобилува со антоцијани, проантоцијанидини, флавоноли, органски киселини, танини, етерични масла, овошни шеќери и витамини. Брусницата е добар извор на витамините А, Ц, Б и на фолната киселина.

Без сомнение, брусницата поволно дејствува на човечкото здравје, а GOOD NATURE овошниот чај од брусница, со својот пријатен вкус и мирис, нема да ве остави рамнодушни!

Оцени го производот:

0 1 2 3 4

Најново од
Good Nature