АЛКАЛОИД АД – Скопје
бул. Александар Македонски 12
1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: + 389 2 2465 361

ФИЛТЕР ДУПЛЕКС 20 Х 2 G

Претставува мешавина од исушени јаболка и кора од цимет, дополнета со шипка, хибискус, крушка, липа. Плодот од јаболко е богат извор на растителни влакна и пектински материи. Кората од цимет, додадена во комбинацијата, го потенцира природниот мирис на јаболкото, а воедно му обезбедува и особен и единствен вкус.

GOOD NATURE овошниот чај од јаболко со цимет е особено пријатна и ароматична напивка. Некаде во длабочината на вкусот ќе почувствувате и киселкаста нота, која доаѓа од шипката и хибискусот. Тие со својата витаминска вредност ја обезбедуваат свежината на напивката.

Ви го препорачуваме во секое време, а особено по оброкот, за да ви помогне при варењето на храната и да ве освежи, кога и да посакате!

Оцени го производот:

0 1 2 3 4

Најново од
Good Nature